
Михаил Новковски е дипломиран историчар на катедрата за историја на уметност и археологија. Ја јавноста и стана познат како предводник на средношколските протести, а подоцна и како еден од основачите на Конзерватив МК, прв иницијатор на обединување на десницата во Македонија и еден од челните луге на МААК Македонска Акција. Со оглед дека идната недела се локалните избори, а поради очекувањата МААК да прерасне во изненадување на изборите, нашата редакцијата да ја запознае јавноста со Михаил како надежен млад лидер, како и со плановите на МААК.
Локалните избори се идната недела. Какви очекувања имате
како партија?
Гледајки од секојдневните средби со граѓаните ширум
Македонија, и одличниот прием резултати се неминовни
во општините каде настапуваме без нашите советници
нема да има мнозинство во советите, со еден збор ние сме
тасот на вагата.
Кои се трите клучни приоритети на МААК за следната
година?
Партијата е консолидирана, со што прераснува во
вистинска опција за десното национално гласачко тело во
Македонија
Во годината што претстои приоритет ќе ни биде да ја
доближиме нашата идеја до секој чесен македонски
патриот како вистинска опција на конзервативното гласачко
тело.
Можеби и најважното преку работата на нашите советници
да бидеме совест, разум во секоја општина.
Дали вашите избрани советници ќе бидат во коалиција со
ВМРО-ДПМНЕ или ќе делуват самостојно?
Ние сме самостоен политички субјект кој настапува
самостојно со свои советнички листи, со што ние сме во
коалиција со народот, блискоста со вмровското гласачко
тело не ја криеме, кој мислам дека ја препознаваат нашата
опција како блиска.
Кој ќе ги прифати нашите постулати на чесност, интегритет
и достоинство добредојден е за партнер .
Зошто како МААК понудивме само советнички листи, а не
и кандидати за градончалници?
Политичките проценки беа дека преку советите каде имаме
највеќе шанси за политичка реализација на нашата
стратегија ќе придонесеме за етаблирање на нашата
партија.
Народски речено куќа не се гради од покривот па надоле, нашата битка е долгорочна ,ова е почеток на нова политичка приказна на МААК.
Како е да се биде еден од челниците на МААК?
Ни малку лесно, но искуството стекнато со годините добриот
тим и прекрасните луге патриоти по општинските комитети
ми даваат елан во моите партиски задачи.
Ние функционираме како семејство .
Како се справувате со предизвиците во координацијата на
партиските структури низ државата?
Во оваа работа не сум сам , тимска работа на двоецот
Новковски и Гоце Делчев Тодев шефот на нашиот изборен
штаб. Уиграна екипа сме ние .
Тоа и го покажуваат овие избори после традиционалните
партии ние имаме најголема мрежа на комитети и
советнички листи.
Како ја замислувате улогата на МААК во идните коалиции
— самостојна сила или партнерска организација?
Барањето парнери за реализација на својата идеја не е
грев, секако ние сме спремни секогаш за самостоен настап
што го докажуваат и овие избори.
Секако за да има парнерство мора да има обострана почит.
Кој не не почитува и цени нема да не има за партнер.
Дали имате нешто да додадете?
Секако на 19 изборот е еден патриотите да влезат во
советите и да бидат совест и разум во својата општина
За тоа да се реализира ги повикувам патриотите ширум
Македонија да гласаат за број 28.

