
Светскиот ден на храната 2025 повикува на глобална соработка
во создавањето одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна.
Со заедничка работа, нa владите, организациите, секторите и заедниците, можеме да ги трансформираме земјоделско-прехранбените системи за да обезбедиме секој да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата.
Но, 11,3 отсто од светската популација е гладна. Тоа е приближно 805 милиони луѓе кои дневно се ненахранети, конзумирајќи помалку од препорачаните 2100 калории на ден.
Секоја година повеќе од 20 000 деца дневно умираат. Слабата нахранетост игра главна улога во најмалку половина од овие смртни случаи.
Речиси 98 отсто од светскиот глад постои во неразвиените земји. Приближно едно од 15 деца во развиените држави умираат пред возраст од 5 години, најголемиот дел од нив поради глад.
Десет држави кои постигнале најголем успех во намалување на вкупната бројка на гладни луѓе се Ерменија, Азербејџан, Бразил, Куба, Грузија, Гана, Кувајт, Свети Винсент и Гренадини, Тајланд и Венецуела.


