
Зошто решивте да се кандидирате за градоначалник на Скопје?
Кандидатурата произлезе од барањето на граѓани на Скопје кои веруваат во мене и на кои јас им верувам.
Пред да прифатам морав да побарам разумен повод за оваа исклучително тешка улога и одговорност.Ги разгледав обврските и можностите за мандатот.Се проверував низ лавиринтот од сплетки.Се’ укажуваше дека е невозможно.
Потоа уморен од разочарување и од разочарувањето кое треба да им го соопштам на оние кои веруваа дека можам …заспав.
Се разбудив во минатото на Скопје….и бидејќи будењето е возможно само во минатото…се сетив на една древна мисла од Александрија…мислам… запишана во делото АНТОЛОГ на нашиот библиотекар од Стоби ЈОВАН…нејасно ја паметам : САМО АКО Е НЕВОЗМОЖНО ВРЕДИ ДА СЕ ИЗГРАДИ…Така.Прифатив само затоа што е невозможно.
Кои се најголемите проблеми со кои се соочува општината денес?
Најголем проблем на Скопје,согледан од перспективата на невозможното е дефинирањето на развојот и напредокот.
Скопје боледува од една туѓа Максима која е насадена со сила како аксиома туѓа за македонскиот јазик: НАПРЕД КОН ПОСВЕТЛАТА ИДНИНА.
Тоа празноверие е насадени во подсвеста на политичарите кои редовно се управувани( од минатиот век до денес) од недомицилни центри.За да им се представи “иднината” ,бидуваат прошетани до Лондон(на пример) и им се покажува : ЕВЕ…ОВА Е ИДНИНА….а тоа вашето е газот на Европа…и…
Кога ќе се вратат во Скопје веднаш ќе купат двоспратен црвен автобус кој најмалку му е потребен на Скопје.
Тоа е најголемиот проблем.
Што најмногу го кочи развојот на Скопје според вас?
Најголем проблем за развојот на Скопје е неговиот “многу брз развој”.
Од 90 000 во 1970 до 1000000 денес.
Зборот РАЗВОЈ не денотира само повисоко,подлабоко,подолго и пошироко.Тоа се маргинални конотации.РАЗВИТОК ДЕНОТИРА ДУХОВНА НАДГРАДБА.ТЕЛЕСНОТО Е ОГРАНИЧЕНО.Оваа планета не е промислена од Севишниот да се дуе безгранично.
Скопје мора да се врати во својата природна големина,се треба духовно да расте почитувајќи ја сопствената духовна традиција.
Кои ќе бидат вашите први приоритети доколку победите на изборите?
Пред се основното образование.Граѓаните се воспитуваат во Скопје за Скопје.Секојдневноста која масовно е увезена им ги одзеде прво децата на родителите.Второ ГРИЖА ЗА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА. Град без меморија е само чекална.
Трето: Вардар светата река од Илијадата и нејзините притоки и извори. Четврто: ОТКРИВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ РЕСУРС – ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА ЗА СКОПЈЕ
Како ќе се борите против урбаната експанзија и градежната мафија во Скопје?
Ќе се договорам со вештачки раскараните партии.Мислам дека ќарувањето од распродажбата на Скопје не може да биде единствен начин за заработување повеќе пари. Особено не ако се краде од вградените вредности и ефтино се распродава на туѓи итреци.
Скопје е жив организам.Личност.Скопје советува да се богати е не со распродажба,туку со продажба на ПРИКАЗНАТА ЗА ГРАДОТ НА ГОЛЕМАТА МАЈКА . ПОПУЛАРНО ТОА СЕ ВИКА ТУРИЗАМ.
Урбана мафија нема.Македонците се древни градители.Мрѓународно историски признати во светот.Тие треба и има потреба да градат но не мора само станови.Има далеку поважни работи за градежните фирми.
Како ќе го подобрите квалитетот на воздухот и ќе ги заштитите зелените површини?
Со еден збор ЃУБРЕТО.
Нештата,настаните според науката и веронауката се овоплотуваат од ЗБОР.
НЕМА ПОГОЛЕМА ВИСТИНА.
Зборот доаѓа од главата.Ако излезе расипан се овоплотува во загадување.
Скопје е многу добар примерок за набљудување на овој феномен.
Ако високо одговорните поединци и партии кои ја сакаат власта одлучуваат според традицијата и културата која НАРОДОТ ЈА ПРЕПОЗНАВА КАКО ПОЛЕЗНА И ДОБРА тогаш ќе исчезне проблемот со ѓубрето.
Какви конкретни мерки ќе преземете за младите во Скопје?
Македонската историја нема паметење дека младите се проблем и дека некој треба да им прави забава. Вака поставената младост е понижувачка за младоста .Намерата на оваа криминална доктрина е да ја исклучи младоста од сопственото место во македонската цивилизација.
Кон ова треба да се пристапи според традицијата.Затоа на прво место треба да биде училишниот двор,маслото игралиште ,планинарските домови и морските и спортските натпревари
Како гледате на иницијативата на невладиниот сектор за јавно истакнување на знамето со Сонцето од Кутлеш пред зградите на локалната власт, како и изградба на Музеј на македонскиот геноцид?
МАКЕДОНИЈА Е ПРВАТА ЕВРОПСКА ДРЖАВА И НАЦИЈА.ДО ДЕНЕС ОВА Е НЕОСПОРЕН ФАКТ.СПОРЕД ТОА МАКЕДОНСКИТЕ СИМБОЛИ,ОСОБЕНО СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ НЕ САМО ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ ИСТАКНУВАНО ПРЕД ОБЈЕКТИ И ПРЕД КУЌИ ТУКУ ТРЕБА ДА СЕ ПОБАРА ОД УНЕСКО ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО.

