in

ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА НА ДЕТСКАТА ЛЕТНА ЛИКОВНА ШКОЛА

Изложбата беше отворена во дворот и просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, Изложбата ги претстави ликовните дела на над 60 деца, кои речиси една недела создаваа интересни цртежи и слики под менторство на гевгелискиот реномиран уметник и професор м-р Александар Јанев.
Покрај креативниот аспект, Летната ликовна школа им понуди на децата и можност за дружење, тимска работа и градење на самодоверба, што ја прави оваа иницијатива уште повредна за севкупниот нивни развој.
Овој проект се реализира во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, при што Општина Гевгелија, во тесна соработка со локалните културни институции, континуирано вложува во унапредување на културната понуда за младите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВО СЕЌАВАЊЕ НА ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ОД ОЛИВЕР СИМОНОВ