in , , ,

Крстевска: Ќе водам битка против криминалот, корупцијата, непотизмот и партизацијата.

Интервју со Марија Крстевска, носител на листата на МААК за Делчево


Марија Крстевска е млада,перспективна девојка која е на самиот крај од додипломските студии на Факултетот за безбедност-Скопје. Родена во Скопје, a живее во Делчево. Во политиката ги започна првите чекори на сегашните локални избори како носител на листата на МААК Македонска акција за градот Делчево.

За што се борите и зошто одлучивте да се кандидирате за советник?

Кандидатурата за советник ја започнувам првенствено за подобра иднина на децата, младите и возрасните.Сметам дека сите заслужуваат поуредна, побезбедна и поправедна општина.

Што е најголемиот проблем во вашата општина?Кои ќе бидат вашите први предлози ако станете советник?

Од многуте проблеми кои треба да ги решиме како совеста на општината би ги издвоила: решавањето на долгогодишниот проблем со депонијата Острец преку поставување на видео надзор и физичко обезбедување и решавање на проблемот со кучињата скитници со отворање на стационар.

Што најмногу им недостига на граѓаните според вас — инфраструктура, услуги, или доверба во институциите?

На граѓаните им недостигаат сите три наведени гранки.

Инфраструктурните проблеми се највоочливи во секојдневието на секој од нас,почнувајќи од нашата улица, нашето маало продолжувајќи низ целиот град.

Услугите се бавни и се оддолжуваат со тоа што многу од предвидените рокови се пропуштаат и потребно е воведување на дигитализација.

Сведоци сме сите колку е ниска довербата во институциите,на прво место е судството.Мора да го решиме проблемот со корупцијата од најниските ешалони па се до највисоките.Токму затоа МААК како совест на општината главната битка ќе ја води против

Што конкретно би направиле за младите и пензионерите во вашата општина?

Во мојот 4 годишен мандат доколку влезам на советничкото место главната заложба би се состоела од поднесување на иницијативи за поголем број на еколошки акции со цел подигнување на свеста на младите за важноста на живеењето во чиста животна средина.

За пензионерите пак би настојувала да се воведе поголема грижа преку воведување на посети барем еднаш неделно од страна на волонтери на Црвениот крст.

Што мислите за урбаната експанзија и градежната мафија во вашата општина? Како ќе се борите против нејзе?

Урбаната експанзија е во ред доколку се гради според сите стандарди и прописи,но лошото во оваа ситуација е затоа што градежната мафија работи спротивно на интересите на граѓаните и јавниот интерес.

Како ќе се осигурате дека граѓаните ќе имаат збор во урбанистичките планови?

 Во нашата општина гледаме премногу примери каде што зелените површини се претвораат во бетон, каде урбанизмот се носи зад затворени врати, а интересите на граѓаните се игнорираат.

Граѓаните својот глас и збор ќе го добијат со:

1.Транспарентност – сите урбанистички планови да бидат јавно достапни, со јавна расправа.

2.Строги контроли – инспекциските служби да функционираат реално, а не само на хартија.

3.Антикорупциски механизми – секој сомнителен договор или дозвола веднаш да се пријавува до надлежните органи.

4.Приоритет на граѓаните – зелените површини, инфраструктурата и јавниот простор да бидат први во плановите, а не последни.

4.Санкции – непочитувањето на урбанистички план или незаконска градба ќе се санкционираат без компромиси.

Со овој пристап сакаме урбаната експанзија да биде развој за граѓаните, а не профит за малкумина.

Што мислите за предлозите за јавно истакнување на Сонцето од Кутлеш пред општинската зграда?

Сонцето од Кутлеш е значаен симбол кој за многумина претставува дел од македонскиот културен и историски идентитет. Но, како општина и како држава ние сме обврзани да ги почитуваме меѓународните договори, меѓу кои и Преспанскиот договор.

Ова не е моја кампања. Ова е вашата борба за чесност, за правда и за глас кој се слуша. Ако верувате дека иднината е наша, излезете и гласајте за број 28!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Караванот на МААК ги посети Неготино и Битола

Зеленски го стави градот Одеса под воена управа