
Горан Новковски е роден ѓорчепетровец кој дипломирајќи на факултетот за безбедност својата кариера ја гради во МВР на разни функции до своето пензионирање.
За што се борите и зошто одлучивте да се кандидирате за советник?
1. Чест и предизвик е да бидам носител на листа за советници во Општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ДОСТА е од 30 годишни политики , на негативна селекција , кои младите Македонци ги мотивираат да купуваат карта во еден правец ! Лично нудам чест , достоинство , интегритет , нудам решенија за жителите на Ѓорче Петров.
Што е најголемиот проблем во Ѓорче Петров?
2. Срамно е во 21 век , жителите на ЃОРЧЕ ПЕТРОВ сеуште да немаат канализација , вода , улици ! Проблемите на не само ЃОРЧЕ ПЕТРОВ , на Република Македонија се политиките на негативна селекција , и неперспективноста на младите, кои препознаваат дека ако не си член на политичка партија , за нив нема просперитет не само во Општина туку во целата држава . Јас нудам решенија на ниво на совет на општина, и ако моите предлози кои ќе бидат во интерес на жителите на Општината не бидат прифатени , – јавно ќе бидат кажани на жителите политичките партии – кочничари , и ќе бидат објавени преку електронските медиуми и социјалните мрежи – кој ги опструира решенијата за доброто на жителите на ЃОРЧЕ.
Кои ќе бидат вашите први предлози ако станете советник?
3. Јавно снимање на седниците на Општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – жителите да видат со кого имаат работа како нивни советници , и ако им се задоволни пак да гласаат за нив !
Што најмногу им недостига на граѓаните според вас — инфраструктура, услуги, или доверба во институциите? Што конкретно би направиле за младите и пензионерите во вашата општина?
4. Прво – обезбедување услови да младите останат тука ! Прв во кампањата понудив – бесплатни плацови за млади брачни парови – и ослободување од комуналии за градба , и благодарам што кандидатот за Градоначалник на Град Скопје , и кандидатот за градоначалник на општина ЃОРЧЕ, од владејачката партија – ја прифатија мојата идеја и го нудат истото што јас го понудив во изборната кампања на самиот почеток .
Што конкретно би направиле за младите и пензионерите во вашата општина?
Прво , да обезбедиме услови – младите да останат во Ѓорче, инаку џабе се игралишта, спортски терени , забавни катчиња ….. ќе нема кој да ги користи – ако младите не ги задржиме тука !!! Или ќе ги правиме за избеглици .. Пакистанци, Авганистанци, Мароканци…….. нивните деца ли да ги користат ?????
Кој е вашиот став за урбанистичкиот развој на Ѓорче Петров?
5. Општината Ѓорче Петров, мора да се развива- Урбанистичките решенија се еден од изворите на финансирање на Општината, нема да дозволам ЃОРЧЕ да биде “касаба” , изгубено во времето, една од првите општини во градот Скопје е Ѓорче Петров – под други имиња ама исто населено место !!!! Се измеѓу Ѓорче и Идадија било ниви ! Ѓорче ќе има хумана градба , а не бетонизација !!!! ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ – СЕГА ИМАТЕ ИЗБОР !!!! ГЛАСАЈТЕ ЗА БРОЈ 28 – ГЛАСАЈТЕ ЗА ИДНИНАТА НА ВАШИТЕ ДЕЦА , ВНУЦИ – ГЛАСАЈТЕ ДА ЃОРЧЕ ОСТАНЕ ЃОРЧЕПЕТРОВСКО !

