in , , ,

Синадиновски: Во Општина Аеродром се очекува кандидат да биде Митевски

Стефан Синадиновски е Претседател на УМС Аеродром, екс организационен секрерат на УМС и активист во повеќе иницијативи и патриотски организации, како и советникот во Општина Аеродром. Во разговор со него вели:

“Обвинувањата на опозицијата се празни. Само во овој мандат во општина Аеродром се изградени три градинки: едната е во Ново Лисиче, втората во Населба Лисиче, а третата е во Аеродром. Реновирани се четири училишта, а дополнително на тоа се изградени игралишта кои може секој да дојде и јас лично да ги прошетам и му ги покажам”

Тој нагласи дека се очекува иден кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина да биде сегашниот в.д. градоначалник Дејан Митевски, кој, според координаторот во советот, е најдобар избор за таа позиција.

 

„Кај нас во Општина Аеродром се очекува кандидат да биде в.д. градоначалникот Дејан Митевски. Тој, според мене, е најдобар избор за општината, и друг кандидат немаме освен него“, изјави Синадиновски.

Синадиновски нагласува дека главен фокус на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во програмата за општината ќе бидат унапредувањето на училиштата, градинките и комуналните проблеми со кои општината се соочува.

„Фокус ќе се даде на унапредување на училиштата, градинките, комуналните проблеми на општината, а паркингот исто така ќе биде главен фокус.“

„Обвинувањата на опозицијата се празни. Само во овој мандат во општина Аеродром се изградени три градинки: едната е во Ново Лисиче, втората во Населба Лисиче, а третата е во Аеродром. Реновирани се четири училишта, а дополнително на тоа се изградени игралишта кои може секој да дојде и јас лично да ги прошетам и му ги покажам“, изјави Синадиновски.

Синадиновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на следните избори и тој не гледа конкуренција во ниедна опозициска партија, бидејќи, како што нагласува, последните избори ги добиле со 18.000 разлика во оваа општина, за што сега имаат 17 советници.

„ВМРО-ДПМНЕ нема конкурент во Општина Аеродром, ниту во Левица ниту во СДСМ. Во Советот на општина Аеродром, Левица и СДСМ имаат четворица советници, од кои двајца им се коалиција, а ние сами имаме 17 советници, а на последните избори разликата од 18.000 гласови ја добивме во корист на ВМРО-ДПМНЕ“, завршува Синадиновски.

Извор: вмро.мкд

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клубот на таткото на градоначалникот исфрлен за местење натпревари, повторно се враќа со одобрение од синот градоначалник

Страшна сообраќајка во Аеродром – Ова се деталите