
Во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, во „Бел Рај“ во Миравци, беше одбележан Меѓународниот ден на задругите. Домаќин беше земјоделската задруга „Петрушка Река“ од Миравци, најдобрата земјоделска задруга во Општина Гевгелија.

