

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија, покажуваат податоците на Евростат. Зад Македонија се Босна и Херцеговина и Хрватска. Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.

