in , ,

Починa Панчо од ДНК

Со огромно жалење ја пренесуваме веста што длабоко нè потресе утрово. По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше. Пред неколку дена беше влошена неговата здравствена состојба, а утрово нешто пред 10:30 часот, ја загубил битката.

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватнна секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, се вели во соопштението.

Си замина уште една легенда на македонската музика и не постојат зборови кои можат да ја ублажат болката предизвикана од прераното заминување на овој голем музичар со големо срце.

Над дваесет години на заедничката музичка патека, Панчо и Андреј, познати како ДНК, оставија неизбришлив печат на македонската музичка сцена. Нивните песни не само што станаа евергрини туку и длабоко се врежаа во срцата на многумина, благодарение на емотивните стихови кои допираа до душата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тодоров: Ќе формираме младински фонд за поддршка на младите

Новковски: Бесплатни плацови за млади брачни парови ќе обезбедиме услови младите да останат