

Утрово целосна е блокиран пристапот кон внатрешноста на Кожуф, се со цел да се спречи изградба на хидроцентрали на реката Дошница. Поставена е блокада на регионалниот пат кон Ски центарот. Акцијата ја организираат од повеќе граѓани, активисти и здруженија од повеќе градови од државата.
Се блокираат сите возила кои се поврзани со реализацијата на изградбата на двете хидроцентрали. Иницијаторите истакнуваат дека станува збор за ненасилна граѓанска иницијатива, мотивирана од заштита на Кожуф, и дека акцијата не е политички мотивирана.
Во меѓувреме продолжува расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде треба да се расправа за амандан за почеток на процедурата за прогласување на Кожуф за национанел парк. Првично, ваков амандман беше побарано од невладината Млади за Македонија, кои силно лобираат амандманот да се изгласа од Собранието. Се очекува Собранието да се изјасни за амандманот најкасно до оваа среда.

