in ,

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД 21. ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „АПОЛОНИЈА 2025“

Со завршната изложба на ликовните дела на 10-мина ликовни уметници од Македонија, Грција, Србија и од Турција беше означен крајот на традиционалната ликовна колонија, 21. по ред, „Аполонија 2025“. Присутните на изложбата повторно ја доживеаја величината на творечкиот дух во питомата и сончева Гевгелија, за која познатиот гевгелиски поет Илија Карајанов има напишано: „Сликарот кон изворот се упатува, сончевата страна е отворена за бестрашни летови“.
Десет дена уметниците Ниче Василев, Владо Темков и Ване Костуранов од Македонија, Ѓорѓе Станиќ, Михајло Петковиќ и Рајко Карашиќ од Србија, Ајнур Каплан и Зивер Каплан од Турција, Јоанис Проиос од Грција, како и гевгеличанецот Александар Јанев, секој со свој ракопис, ги создаваа своите дела што ќе ја збогатат ризницата на сликите, кои продолжуваат да го живеат својот живот во просториите на хотелот „Аполонија“. Гевгеличани, пак, уште еднаш беа сведоци на ненадминливата убавина на ликовното творештво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Целосна блокиран пристапот кон Кожуф

ЕТНОЛОШКА ИЗЛОЖБА НА ЗГ „МИРАВЧКА СВАДБА ЃУРА МАРА”