in ,

ЕТНОЛОШКА ИЗЛОЖБА НА ЗГ „МИРАВЧКА СВАДБА ЃУРА МАРА”

о рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година, во Уметничката галерија „Амам“ беше отворена етнолошката изложба на Здружението на граѓани „Миравчка свадба Ѓура Мара“.Ова здружение чиј претседател е Никола Минчевски, е формирано пред 5 години, на 20 март 2020 година. Основна цел на здружението е собирање,чување и презентирање на етно предмети и материјали од нашето културно наследство
Секој експонат носи своја приказна, сведочи за начините на живеење, секојдневието и духовната култура на нашите предци. На изложбата посетителите можеа да видат машина за предење од 1937 година, тепсија од 1936, вршник тава од 1903 година од селото Патарос, Егејска Македонија, па се до миравчката женска носија изработена од Станка Минчевска. Настанот беше во организација на Националната установа Музеј- Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД 21. ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „АПОЛОНИЈА 2025“

ИВАНДЕН – СЕ СЛАВИ РАЃАЊЕТО НА ЈОВАН КРСТИТЕЛ