

МААК, една од најстарите и најзначајни патриотски политички организации во поновата македонска историја, најавува голема предизборна конвенција на која официјално ќе бидат претставени носителите на советничките листи по општини за претстојните локални избори. Настанот ќе се одржи на 28 септември 2025 година (недела), со почеток во 12:00 часот, во Домот на културата во општина Кисела Вода, Скопје.
Конвенцијата ќе биде симболично потсетување на политичките и историските темели на партијата, која има длабоки корени во македонскиот демократски и независен дух. На конвенцијата ќе бидат претставени кандидатите на МААК за локалните избори, кој број е преку 800 кандидати. Оваа година МААК настапува со свои листи во дури 20 општини. Настанот ќе биде отворен за јавноста и медиумите, а се очекува присуство на симпатизери, членови, истакнати јавни личности и поддржувачи на патриотската мисла во земјата.
Кои се МААК?
Основан во бурните години на распадот на поранешна Југославија, МААК претставуваше една од првите македонски политички организации што јавно се залагаа за самостојна и суверена Македонија. Во јануари 1990 година, МААК беше формиран од група интелектуалци, патриоти и дисиденти – меѓу кои академците Гане Тодоровски, Анте Поповски и други истакнати имиња – кои имаа храброст да проговорат за независност, демократија и идентитет во време кога тоа беше речиси табу. За прв претседател на МААК е избран Гане Тодоровски.
МААК беше меѓу првите политички сили што бараа плурализам, декомунизација и културна ревитализација на македонскиот народ. Партијата, иако маргинализирана во одредени историски периоди, остана доследна на својата мисија – зачувување на македонскиот идентитет, борба за правична локална самоуправа и поттикнување на демократски вредности.
Повраток со јасна визија
„Не се враќаме – ние никогаш не заминавме,“ – велат еден од кандидите на МААК за локалните избори, најавувајќи нова фаза во политичкото делување со фокус на локалните заедници, транспарентноста и вистинската народна претставеност. Конвенцијата ќе понуди платформа на идеи и конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските општини – од урбано планирање и културна заживеност, до поддршка за младите и развој на локалната економија, но најважно од се – одбрана на македонските национални интереси!
Носителите на советничките листи кои ќе бидат претставени на настанот се внимателно избрани личности – експерти, активисти и професионалци кои го познаваат својот локален контекст и најважно – луѓе со интегритет кои се подготвени да работат за вистински промени.

