
рстот стана чувар на сета вселена, красота на Црквата, сила на царевите, поткрепа на верните, слава на ангелите и рана за демоните.
На Крстовден се пости, затоа што тоа е видлив знак за благодарност кон Бога, скромен и од срце упатен подвиг. Крстот не не штити сам по себе, Бог не штити низ крстот, ама и тоа во мера на нашата вера, љубов и прифаќање на сопствениот крст.
Денес, православните христијани го одбележуваат празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден. Се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари), посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, и есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан ѝ се припишува на царицата Елена, мајката на славниот цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).

