
На социлајните мрежи се шират фотографии од изнесување на дел од градежната опрема поставена на Кожуф. Неофицијално се работи за контењер и камион кои се дел од опремата за изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф планина.
Последниот месец дена на Кожуф се случуваат протести и блокади организирани од повеќе здруженија.
Од иницијативата “Кожуф е Наш” за нашиот портал велат:
Нема место за славење. Ова е синболична победа на една мала битка, но војната допрва почнува. Веќе еднаш во 2023 уништувачот на природата Ѓоко Стерјоски Спортлајф ги повлече машинити, но по 2 години, повторно ги донесе. Знаеме дека повторно ќе се врати, овој пат помоќен. Сакаме да порачаме дека апсолутно не планираме да се откажеме, баш напротив – битката допрва започнува. Подготвени сме за долго војување не само со Ѓоко Стерјоски, туку апсолутно со сите кои ќе сакаат да го уништат нашиот Кожуф за свои приватни бизнис интереси. Кожуф припаѓа на нас граѓаните, а не на транзиционите бизнисмени кои од кога ги обрабија државните ресурси, се нафрлија и кон природата. За оваа земјата, за оваа почва, води, шуми се војувало и ќе се војува, а ние апсолутно не планираме ни милиметар да попуштиме. Нема попуштање – ќе победиме по секоја цена!
Претходно овој месец ситуацијата на Кожуф беше дискутирата и во Парламентот, каде се расправаше за амандман за Кожуф, предложен по иницијатива на Млади за Македонија. Во блокадите и протестие на Кожуф учествуваат поголем број на здруженија како иницијативата Кожуф е наш, Млади за Македонија, Чејнчмејкерс, Аква Фортис, Зелена народна стража, здружение на екологисти Зрак, здружение МК-СИРК, Комитет за човекови права на Македонија и други.



