
Градоначалникот на Гевгелија Сарамандов објави дека учествувал на владина трибина во Гевгелија, по што Владата експресно го демантираше Сарамандов и појасни дека се работи за партиски трибина.

Сарамандов на социјалните мрежи објави дека учествувал на владина трибина. Со оглед дена настанот беше најавен како трибина на ВМРО-ДПМНЕ, а Сарамандов тврди дека е владин настан, нашата редакција се обрати до владата за појаснување, кој ја организира трибината, во кое своиство и дали се потрошени пари на даночните обврзници. На новинарско прашање за порталот 24-7, владиниот портпарол Марија Митева експлицитно го демантира гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов. За нашиот портал изјави:
Tрибините не се во организација на Владата, што може да се види и од самите најави на истите, што дополнително потврдува дека не се потрошени никакви државни средства за нивна организација.
Во однос на Вашата констатација сакам да Ве информирам дека моето учество е согласно партиската позиција како член на ИК на партијата, а истото се однесува и на останатите учесници на сите досегашни трибини.
По овој демант од влада кон Сармандов, се поставува прашањето дали воопште градоначалникот Сарамандов знае кој го повикал и каде бил? Со оглед дека Сарамандов е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, се поставува прашањето дали воопште Сармандов е свесен дека бил на свој предизборен настан?

